Почина познатиот актер – Jа загуби битката со тешката болест

Uncategorized

Францускиот актер Пјер Дени, познат по улогата во популарната серија „Емили во Париз“, почина на 69-годишна возраст по компликации од агресивна форма на амиотрофична латерална склероза (ALS).

Тажната вест ја потврдија неговите ќерки преку официјално соопштение.

„Со огромна болка ја објавуваме смртта на Пјер Дени, кој почина овој понеделник по ненадејна и агресивна форма на ALS“, соопшти семејството.

Пјер Дени се појави во третата и четвртата сезона на хит-серијата на Нетфликс „Емили во Париз“, каде ја толкуваше улогата на Луј де Леон – влијателен моден магнат и татко на Николас де Леон.

Неговата улога беше дел од приказната поврзана со ликот Минди Чен, која ја игра актерката Ешли Парк, а гледачите го паметат по харизматичното и впечатливо појавување во серијата.

Што е ALS?

Амиотрофичната латерална склероза (ALS) е тешка невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок. Со текот на времето, пациентите постепено ја губат контролата врз мускулите, а болеста може да доведе и до целосна парализа.

Од оваа болест боледуваше и славниот научник Стивен Хокинг, како и неколку познати актери и јавни личности.

Смртта на Пјер Дени предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од фановите и колегите ширум светот.