„Требаше да одиме заедно на одмор, а сега палиме свеќи за неа“: Пријателите низ солзи се простуваат од 18 годишната Сара која загина кај Нова Градишка

Uncategorized

Голема трагедија ја потресе Хрватска откако 18-годишната Сара Врбаниќ почина во болница по тешката сообраќајна несреќа што се случи пред неколку дена во близина на Нова Градишка.

Според информациите од полицијата, во автомобилот во кој се возела Сара со уште две другарки удрил 37-годишен возач кој бил под дејство на опијати. За да избегне возило пред себе, тој преминал во спротивната лента и директно удрил во автомобилот на девојките.

Сара се здобила со тешки повреди на главата и внатрешните органи, а и покрај напорите на лекарите во болницата во Славонски Брод, не успеала да ја добие најважната битка.

Нејзините пријатели и соученици од Гимназијата во Нова Градишка се простуваат со потресни пораки.

„Требаше да одиме на одмор и да се смееме заедно, а сега палиме свеќи за неа“, низ солзи изјавила една нејзина другарка.

Од училиштето истакнале дека Сара била ведра, амбициозна и омилена меѓу соучениците, девојка која штотуку почнувала да ги остварува своите животни соништа.